Штрајкот на лекарите поддршка доби и од медицинскиот персонал во охридските и струшките болници.

Вработени во Заводот за нефрологија и градската болница во Струга се солидаризираа со колегите од Скопје и другите градови, а приклучување кон штрајкот најавија и лекарите од охридската општа болница.

Инаку, штрајкот лекарите и помошниот медицински персонал од скопските клиники и болници вчера го преселија пред Министерството за здравство.

Ресорниот министер не го коментира штрајкот.

OhridNews