Вкупно 149 инспекциски контроли за почитување на Законот за заштита од пушење спровело охридското одделение на Државниот пазарен инспекторат, во првите четири месеци од 2014 година, на подрачјето на Општина Охрид.
-Од вкупниот број на спроведени контроли, 145 биле редовни, а 4 биле вонредни контроли. За поведување на прекршочна постапка во овој период се донесени 2 решенија, а издадени се 4 платни налози и глоба од 5.000 евра. Поради непочитување на Закон за заштита од пушење на 2 објекти им е изречена мерка затворање, информираат службите на Пазарниот инспекторат.
Од таму посочуваат дека освен за Закон за заштита од пушење, согласно надлежностите, инспекторатот во текот наредниот период ќе продолжи со своите теренски активности и контроли и во делот на Законот за трговија, Закон за угостителска дејност, Законот за туристичка дејност и Законот за вршење на занаетчиска дејност.
OhridNews