Во рамки на активностите кои се дел од планот и програмата за работа во 2013, членови на охридското Здружение на инвалиди на трудот , викендов го посетија Специјалниот завод во Демир Капија каде донираа облека и обувки.
Тие остварија средба со персоналот на болницата, а се дружеа и со штитениците во болницата меѓу кои е лице од Охрид. Од здружението информираат дека нивната помош била со задоволство примена при што била искажана желба за понатамошна соработка.
Хуманитарната акција Здружението на инвалиди ја спроведе во соработка со Активот на жени инвалиди на трудот , а со поддршка на локалната самоуправа.
OhridNews