Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид и извидничкиот клуб „Јавор“ од Осијек, Хрватска, во текот на минататa седмица потпишале Meморандум за соработка, кој треба да резултира со заеднички активности и проекти во иднина. Документот бил потпишан во рамки на посетата на хрватските извидници на Охрид.

-При средбата на гостите кои што за прв пат доаѓаат во Охрид им беа претставени убавините на градот и можностите за престој и реализирање на активности од кои што истите беа воодушевени, велат од Извидничкиот одред „Пионер“.

Оттаму потенцираат дека ваквите средби нудат можност за зголемување на туристичката понуда на Охрид и негово претставување пред големото извидничко семејство кое на светско ниво брои повеќе од 40 милиони членови-извидници.

OhridNews