Во ниту едно од јавните претпријатија во Охрид не е поставен нов вршител на должноста директор, освен во ЈП „Охридски комуналец“, категорично изјавуваат од локалната самоуправа по гласините во јавноста дека деновиве се назначени ВД директори во дел од јавните претпријатија.

– Во некои од нив, деновиве, вработени имаат добиено  ингеренции да извршуваат пообемни работни обврски од досегашните, но тоа не значи дека истите се назначени и за вршители на должноста директор. Тоа може да се случи да биде и сосема друго лице. Од страна на градоначалникот Никола Бакрачески, освен во ЈП „Охридски комуналец“, во друго јавно претпријатие не е назначен ВД директор, ниту пак е потпишано било какво решение за поставување, велат од локалната самоуправа.

Деновиве во охридската јавност веќе се спомнуваат името на Зоран Симоноски за ВД директор на ЈП „Градски гробишта“ и Томе Паскалов како ВД директор на МЈП „Проаква“- Водовод Охрид.

Т.К.