Кандидатите за градоначалници на општина Охрид, утре, ќе потпишат „Кодекс на однесување за слободни и фер избори“, организиран од Институтот за парламентарна демократија и Националниот демократски институт.
Кодексот ќе се потпишува во зградата на Општина Охрид од 10 до 12 часот.
Во Кодексот е потенцирано дека слободните и фер избори се камен-темелник на демократијата. Сите партии и кандидати се еднакви пред законот, должни се да го осудат јавно насилството и заплашувањето, ќе ја потенцираат тајноста на гласот, а мора да преземат и чекори за елиминирање на сите форми на изборен фалсификат пред, за време и по денот на изборите.











