Каратистите на охридскиот клуб „Кун-су-то“ продолжија со успешните настапи на турнирите ширум Македонија. Охридските каратисти повторно има плоден настап на турнирот кој се одржа во Скопје во организација на Карате клубот „Цветан Димов“.

Мешаниот тим во кати составен од Анастасија Смилевска, Козма и Дамјан Митрески освоија златен медал. Козма со златен медал се закити во категоријата кати во машка конкуренција, додека Анастасија сребен медал освои во кати женска конкуренција и бронзен медал во апсолутна категорија.

Тамара Ѓурчиноска се искачи на второто место на пиедесталот во категоријата борби 2006 години и над 45 кг, а Дамјан Митрески освои трето место во кати во ниво 2. Милан Ангелоска во првото ниво заврши на втората позиција, а Ема Јовановска финишираше третопласирана во кати родени 2006 година.

Со овие успси каратистите на „Кун-со-то“ ставија точка на натпреварувачката 2018 година. Каратистите веднаш ќе започнат со подготовките за новата сезона која ќе стартува на средината од февруари месец следната година.

OhridNews