Екипи на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ дeнeска спроведуваа активности за чистење на отпадот што го исфрлија на езерскиот води на градаскиот кеј, по дводневното невреме проследено со силни врнежи од дожд и снег.
-Екипи од секторот за јавна хигиена денес ја чистеа исфрлената пластична, картонска, најлонска амбалажа и друг вид отпад. Директно од езерските води се собира отпадот, а кејот се мете. Во текот на денешниот ден оперативна група од Охридски Комуналец беше задолжена за отстранување на остатоците од снег по градската чаршија, информираа од претпријатието.
Исто така во рамки на теренските активности биле отстранети искршени гранки од дрвја на неколку локаци во центарот и во стариот дел на Охрид.
Во текот на изминатите два дена екипи на јавното претпријатие работеле и на расчистување на тротоарите по целата должина на булеварот „Туристичка“ и другите позначајни сообраќајници во градов.
По претходно барање од Урбаната Заедница од селото Вапила, изминатиов викенд од страна на ЈП „Охридски Комуналец“ била спроведна акцијата за отстранување на скршени гранки и стебла на патниот правец Косел–Вапила–Ливоишта.
OhridNews














