Со пет победи и еден пораз кошаркарите на АВ Охрид до 18 години завршија први на табелата во Западната лига и обезбедија пласман во Супер лигата.

Лидерското место на табелата избраниците на Тони Стојаноски го заверија со убедливиот триумф 94-35 над своите врсници од Струга на домашен терен.

Предводници на „галебите“ во победата беа Ангел Лазаревски и Наум Стојаноски кои постигнаа 32 односно 26 поени. Емин Далипоски уфрли 14, Дејан Димитриески 11, а Феваил Адем 5 кошеви.

Во Супер лигата која ќе започне викендов кој доаѓа ќе играат најдобрите осум екипи од истокот и западот.

OhridNews