По одигрување на седмата рунда во Втората кошаркарска лига охридските кошаркари се симнати на врвот и на нивно место се најде екипата на Апаве.

Новиот предводник на второлигашите тимот на Апаве на врвот се најде благодарение на победа над Ангели со убедливи 105-81.

Победи на домашен терен во седмото коло забележаа уште Гоце Делчев и Водњански Лисици совладувајќи ги Бест (83-74) односно Тетекс (82-73).

Честа на гостите во седмата рунда ја одбрани Карпош Соколи победувајќи го последнопласираниот Неготино со 86-53.

Избраниците на тренерот Весна Балазоска во седмата рунда беа слободни и имаа недела плус да ја избрусат формата пред завршните две кола од есенската полусезона.

Во осмото коло “белите“ на домашен терен го пречекуваат седмопласираниот тим на Водњански Лисици.

Табела :

ВТОРА ЛИГА МАЖИ – СЕЗОНА 2012/13

ТАБЕЛА

#

Екипа

он

пн

зн

кз

кп

кр

бод

1

Апаве

6

5

1

456

407

+49

11

2

Гоце Делчев

7

4

3

603

580

+23

11

3

Карпош Соколи 2000

6

4

2

512

439

+73

10

4

Лихнидос 

6

4

2

484

462

+22

10

5

Бест

7

3

4

528

534

-6

10

6

Ангели

6

4

2

475

485

-10

10

7

Водњански Лисици

6

2

4

430

446

-16

8

8

Тетекс ТТК 

6

2

4

486

526

-40

8

9

Неготино

6

0

6

414

509

-95

6

Мх.П.