Кошаркарите на Лихнидос по два одиграни мечеви во втората машка кошаркарска лига имаат половичен скор. Во сабота во 16:30 часот во салата “Атина Бојаџи“ противник на охриѓани во третата рунда од првенството е второпласираниот тим на Ангели.


– По мечот со Карпош Соколи пред нас е нова дерби средба, овој пат со Ангели. Распоредот ние е малку тежок за почеток бидејќи првите неколку кола играме со најквалитетните противници. Гостинскиот тим е доста квалитетен и сигурно ќе одат на победа. Ние ќе дадеме се од себе, треба да одиграме цврсто и храбро во одбраната која ќе ни овозможи “лесни“ поени во нападот – истакна тренерот на К.К. Лихнидос, Весна Балазоска.


Од составот поради повреда отпадна корпулетниот Љупчо Танески додека крајно неизвесен за мечот со Ангели е најдобриот кошаркар Иво Христовски.

Мх.П.