Со нови знаења и вештини за менаџирање со проекти, се стекнаа охридските културни работници кои беа дел од работилницата „Едукација и менаџирање со проекти“ што се одржа денес, во просториите на Општина Охрид.
Ова работилница која ја организираа Секторот за туризам и локален економски развој и Одделението за образование при Локалната самоуправа, е една од низата на вакви работилници, кои до сега се одржаа во Охрид.
Слични едукативни настани до сега беа организирани за здравствените работници, учениците во основните и средните училишта, спортските работници, вработените во јавните претпријатија како и членовите на Локалниот совет на млади и граѓанските здруженија.
OhridNews