Вчера во Охрид, локалното Здружение на лекари организираше стручна трибина за кардиоваскуларните заболувања, односно за примената на новите орални анти-коагулантни средства за разредување на крвта и лекување на тромбозата.
На настанот, свое излагање имаше проф. д-р Славчо Тошев од Клиниката за кардиоваскуларни заболувања, како и примариус Бошков. Пред присутните, се говореше за влијанието на ривароксабанот при лекување на тромбоза на долни екстремитети и клучна емболија, односно кај пациентите кои имаат неправилна работа на срцето.
„Денешната стручна работилница се однесува на новите анти-коагулантни средства за разредување на крвтта, кои не се ињекции и се користат орално. Најнов претставник е ривароксабанот на фирмата „Баер“, кој веќе 7 години е присустен во светот. Се користичи кај пациентите кај кои е правена вештачка замена на колк, оние кои имаат тешка хируршка интервенција во смисол на сркшени нозе, разни тешки операции во стоматок и градниот кош, како и неправилна работа на срцето. Сите овие работи бараат континуирано месечно, или доживотно разредување на крвтта.“ – вели проф. д-р Славчо Тошев од Клиниката за кардиоваскуларни заболувања.
Како што објаснува д-р Тошев, овој лек има доста предности за разлика од другите орални препарати, кои што досега се користеле како „синтром“ и бараат еднаш месечно тромботест.
„Овој лек не припаѓа на таквата група и има праткично индентичен ефект, кој не бара мониторирање или следење. Оние лекови кои досега се користеле како синтром, бараат примена на тромботест, а често поради храната може да дојде до варирање на вредностите на разредување на крвтта. Денеска посебен осврт ќе посветам на тромбозата на нога и клучната емболија, односно откачување на тромбот од ногата и затнување, што е страшна компликација која може фатално да заврши.“ – објаснува Тошев.
Според статистичките податоци и евидентициите кои ги водат стручните медицински работници, во Македонија повеќе од десет илјади луѓе примаат терапија за разредување на крвта во центрите за трансфузиолија.
„Тоа е прилично голема бројка. Една третина од луѓето имаат проширени вени, а кога тие ќе се воспалат мора да се пијат лекови. Исто така, секоја втора жена која раѓала, има ваков проблем. Затоа ако дојде до воспалување или црвенило на вените, ваквите лекови мора редовно да се пијат.“ – потенцира Тошев.
O.T.