Охридските либерали и официјално му се придружија на ВМРО ДПМНЕ
15.05.08 00:38
Како што веќе објави Ohridnews, охридските либерали спротивно на одлуката на претседателот и раковоството на Либералната партија за приклучување кон коалицијата „Сонце“, на претстојните парламентарни избори ќе ја подржат коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.
– Јас со лидерот Андов имав разговори непосредно до истекот на рокот за пријавување на кандидатските листи. Тие разговори беа во насока ЛП да оди сама на избори. За време на првомајските празници заедно со координаторот на паритјата за петтата изборна единица направивме листа и одеднаш преку медиумите дознавме дека Стојан Андов одлучил да оди во коалиција со СДСМ. Јас откако е формирана партијата стојам на цврстиот став да се оди самостојно на избори бидејќи само така една партија може да добие легитимитет, а не како што прави ЛП последните 16 години. Како некоја лепенка ЛП постојано пред избори е во коалиција, а големите партии го испумпаа членството од кај нас кај нив и така од партија со 27 пратеници во првиот состав, сега сме партија со 1 пратеник, а како што се движат работите не ќе имаме ни еден и постои реална опасност Либералната партија да згасне. Вака пред три дена ги објасни мотивите за непочитување на одлуката на централата, претседателот на општинската организација на ЛП во Охрид, Љупчо Нечкоски.
Соработката помеѓу ЛП и ВМРО ДПМНЕ на локално ниво, денеска ќе биде официјализирана со потпишување договор.
На 12122025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалисти...
На 12/13122025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското Езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, про...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има во Кичево и Ботун, информира ЈП „Македонија пат“ &nb...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.