Членовите на ловното друштво „Охрид“ од Охрид  со триесетина ловџии на ловниот терен „Тројани“ во атарот на селата  Долно и Горно Лакочереј,  организираа хајка за лов на штетен дивеч.


Хајката е организирана по препорака на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  пред завршување на ловната сезона ловните терени да се исчистат од  штетен дивеч.


Отстрелани се три лисици кои преку ветеринарен инспектор ќе бидат доставени до Ветеринарен институт за да се утврди здравствената состојба на дивечот во охридско.


Ова е прва хајка организирана оваа година, наредните викенди ќе се организираат уште неколку на ловните терени чиј концесионер е ловното друштво „Охрид“ од Охрид.

OhridNews