Под покровителство на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, минатиот викенд во Битола се одржа шаховски турнир во единаесет кола со темпо на игра 20’+10”.

На турнирот учествуваа 83 млади шахисти од Република Македонија, од кои 12 од охридскиот шаховски клуб „ Ласкер“.

На турнирот членовите на ШК „Ласкер“ освоија три медали. Во категорија U12 Јулијан Матески освои бронзен медал, во категорија U14 Константин Лушески освои златен медал кој воедно беше и шестопласиран во конечниот пласман на целиот турнир, а Иван Велкоски освои сребрен медал.

OhridNews