Со 30 трофеи, 14 златни и седум сребрени медалји, младите охридски таленти од општинскиот Бреинобреин центар се вратија од четвртиот национален натпревар што се одржа во Скопје. На натпреварот учество зедоа 54 натпреварувачи од Охрид, кои се натпреваруваа во 15 од вкупно 38 категории. Притоа, 11 охриѓанчиња го освоија максимумот бодови во својата категорија.

– Кога ги добивме првите резултати видливо беше дека сме еден најуспешните центри во Македонија. 57% од наградите им припаднаа на децата од нашиот центар, вели инструкторот Валентина Кузманоска.

Натпреварот има два дела. Во првиот дел, за време од три минути натпреварувачите треба да решат што повеќе од дадените примери, а во вториот дел се вршат демо презентации кога децата во исто време читаат, пресметуваат, пеат, играат.

– Како што е гордост на секој родител успехот кој го постигнуваат овие дечиња, исто така успехот на секој наш ученик е и наш успех кој ни влијае стимулативно и ни помага уште повеќе да се вложуваме. Им помагаме и ги охрабруваме да ја засакаат оваа програма. Секако, овој успех не би можел да се оствари ако не е и подршката од родителите, нагласува инструкторката Билјана Миленкоска.

Претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков, потенцира дека успехот е резултат на вежбањето и посветеноста на децата, на подршката од родителите и работата на инструкторите кои посветено се вложуваат во презентацијата и промоцијата на Бреинобреин програмата.

Т.К.