Вкупно 27 награди освоија талентираните охриѓанчиња навториот државен натпревар во Македонија за Бреинобреин програмата, што се одржа во Скопје. Тие дома носат 10 пехари, 13 златни и 4 сребрени медаљи.
Големиот успех според одговорните се должи на макотрпната работа и професионалниот пристап кон реализирањето на предвидените програмски задачи. Од друга страна пак тоа докажува дека Охрид ги има најталентираните деца но и најдобрите инструктори за оваа програма.
Инаку програмата содржи десет нивоа, низ кои секое дете покажувајќи ги стекнатите вештини и капацитети напредува а на крај се здобива со меѓународно признат сертификат.
-Преку математички вештини подеднакво се развиваат двете хемисфери на мозокот. Бреинобреин го вади она што детето веќе го поседува, вродениот талент, вродената интелигенција, тоа се вежби за тоа што веќе се поседува, се реализира и се доведува до една голема успешност и ниво на изразување, објаснуваат инструкторите.
Бреинобреин програмата помага во стекнување и развивање на фотографската меморија, концентрацијата, способноста за слушање и учење, креативност и имагинација, самодоверба, визуелизација. Учениците кои ја завршија целокупната програма, сите десет нивоа, понатаму во животот функционираат како успешни професионалци.
Бреинобреин школата во Охрид функционира 4 години и е прв отворен центар во државава. Моментално има 50-тина дечиња кои ги совладуваат вештините во просториите на Црвениот крст од Охрид.
Младите таленти од 15-тина центри во Македонија денес ја посетија и спомен куќата на Мајка Тереза каде накратко слушнаа за нејзиниот живот и нејзината хумана мисија.
OhridNews