Во среда на 16-ти декември 2015 година во ресторанот „Билјанини Извори-Кај Четкар“ се организира голема предновогодишна забава за сите охридски музичари.

-Поканети се сите музичари без исклучок и без поединечна покана. Музиката ќе се изведува во живо и секој ќе има можност да учествува. Ќе ни претставува големо задоволство во рамки на програмата да земат учество што поголем број на музичари и истата да прерасне во традиција, информираат организаторите.

Цената на менито изнесува 800 денари со неограничено пиење, а картите можат да се купат во ресторан „Билјанини Извори“ и на денот на настанот на влезот од ресторанот.

OhridNews