Викендов  во Охрид, во рамките на УСАИД  -ПРОЕКТОТ  ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ, се одржа семинар на тема  “СНИМАЊЕ НА ДОБРИ УЧИЛИШНИ ПРАКСИ”, на кој дваесетина избрани наставници од неколку охридски основни училишта ја проследија обуката за менаџери-сниматели на одбрани  часови од воспитно-образовниот процес.


Наставниците-учесници  проследија и споделија  повеќе различни искуства од  наставната пракса и се запознаа со техниките и можностите на ФЛИП-КАМЕРАТА  која ја добија  од УСАИД и со која во иднина ќе можат да ги снимаaт часовите. Целта на семинарот  е овие наставници да можат да ги забележат и документираат добрите училишни часови,  и истите, преку успешно сработени видео-клипови,  да ги постават на Интернет  (SCHOOL VIDEO.MK , TEACHER TV, YOUTUBE…) за да бидат достапни  и за други  колеги – наставници кои ќе можат  “во живо” ја проследат  работната атмосфера од одбраните  часови и да ги споделат и подобрат своите методи  за поуспешна реализација на часовите.  На овој начин, и родителите ќе можат да се запознаат посликовито со училишното секојдневие и ќе имаат можност да стекнат посоодветна  и поавтентична перцепција за часовите на своите деца.


На семинарот  со кој раководеа  проф.Цветанка Ристеска и нејзиниот асистент Благоја Ристески, учесниците –наставници научија како со помош на програмската техника  Pozera  и  Movie Maker да  конвертираат, да монтираат и  да финализираат еден успешен видео-клип  со должина од  5 до 10 минути ,  во кој ќе се види  најдоброто од најдобрите училишни часови. Заедно со  скромната  Флип Камера, идните менаџери – сниматели  добија и соодветни Прирачници за работа,  со можност своите  знаења да  ги дисеминираат и   пред  своите колеги од  охридските основни училишта.


Семинарот, како што информираат учесниците,  завршил со благодарност  до  презентерите и обучувачите , но и со повеќе забелешки до УСАИД за организациони пропусти за што било усно и писмено реагирано.

OhridNews