По се излгеда дека градот е спремен за дочекот на православната „Нова Година“. Понудата на охридските ноќни клубови, кабареа и кафетерии е доста примамлива за сите катергории граѓани, почнувајќи од најмладите па се до онаа повозрасна група. Целата понуда е збогатена со одлична музичка програма, а маските се задолжителен дел од прославата.
Во ноќниот клуб Хавана, испраќањето на „старата година“ започнува во 23:30 часот. Маските се задолжителен дел од прославата, а присутните ќе уживаат со звуците на „Showman Dj Mr. President“.
Кафе барот План Б, на присутните им гарантира одлична забава за дочекот на православната Нова година. Програма која започнува од 21 часот, ќе биде пропратена со звуците на диџеј Regjo.
Дискотеката Парк, најавува незаборавен дочек на „Стара Нова Година“ со спектакуларни цени и одличен маскенбал. Забавата ќе биде надополнета со единствениот Никола Тодороски, кој со своето стенд-ап шоу ќе се погрижи, присутните да бидат насмеани до солзи.
Во кафе барот Ликвид, дочекот на „новата година“ започнува од 22 часот под мотото „Василичарски маскенбал – староградска вечер“. Еуфоријата е загарантирана со триото „Езерски вез“, а за секој маскиран гостин следи гратис варено вино.
Плажата бар Куба Либре, на присутните ќе им овозможи уникатна забава со „Cameleon Band“, како увертира за она што ќе се следува во ноќниот клуб Хавана.
OhridNews