Самостојниот синдикат на новинарите викендов одржа средба со претставници на медиумската заедница од Охрид. За жал средбата што се одржа во хотел „Тони“ не наиде на голем одзив кај охридските медиумски работници, кои пропуштија можност да се информираат за целите на дејствувањето на самостојниот новинарски синдикат.

Синдикатот како што беше истакнато на средбата, е  легитимен и неопходен механизам за заштита на правата на медиуските работници, кои во голем дел се нарушени. Најголем проблем претставуваат нерегулираниот статус на вработените и дописниците, неповолните договори за хонорарна соработка и разните форми на притисок, што влијае на професионалниот ангажман на медиумските работници.

До сега во Синдикатот на новинари и медиумски работници се зачлениле околу 300 лица, а синдикалното раководство очекува дека членството во иднина ќе расте. Тоа според нив ќе придонесе синдикатот да се избори за репрезентативност, што ќе му овозможи согласно законот и механизмите на делување подобро да ги штити правата на медиумските работници.

OhridNews