Членовите на нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности „Охрид“, денеска, го исчистија просторот кај градското пристаниште каде на празникот Водици ќе се фрла светиот крст.
Од езерското дно подигната е поголема количина отпад кој со возила на ЈП „Охридски Комуналец“ е одложен на депонија.
Исто така, екипи на Црвениот крст извршија обележување на опасните зони каде има нерамнини и поголеми длабнатинки, кои капачите кои ќе скокаат по светиот крст треба да ги избегнуваат.
OhridNews
Фото:Емил Јовановиќ
















