И покрај обилните врнежи од дожд утрово, нуркачите од Клубот за подводни дејности Охрид, успешно ја реализираа акцијата за чистење на крајбрежјето на плажата од хотелот „Инекс Олгица“.

Во акцијата учествуваа десеттина нуркачи од Охрид, потпомогнати од колегите од клубот „Норкач“ од Струга.

По Охрид, нуркачите следната недела се префрлаат во Струга, во селото Радожда каде исто така ќе биде изведена акција за чистење на крајбрежјето.

Активностите на Клубот за подводни дејности Охрид се поддржани од „Нула отпад“ и ќе продолжат во текот на целото лето.

Г.М.