Охридските осмоодделенци постигнаа одлични резултати на Републичкиот натпревар по физика, кој во текот на вчерашниот ден се оддржа на Природно математичкиот факултет во Скопје.

Ристески Ѓорѓи и Пипоски Петар од исто училиште освоија втори места, Андреа Ивановска, Климентина Ковачевска и Александра Китеска од ОУ „Григор Прличев“ трети, а пофалници добија Климент Младеноски и Афродита Адамова од ОУ „Кочо Рацин“, Мартина Николоска од ОУ „Христо Узунов“, Мартина Петровска и Поликсена Тунтева од ОУ „Св. Климент Охридски“ и Ивона Трајческа од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.
OhridNews












