Основни училишта „Св. Наум Охридски“ од Пештани и „Св. Климент Охридски“, на вчерашниот Републички натпревар по оркестри оддржан во Велес, се вратија со одлични резултати.


На овој натпревар во конкуренција на 30 оркестри, основците од „Св. Наум Охридски“ под менторство на професор Илија Стојаноски го освоија третото место, додека учениците од  „Св. Климент ОхридскИ“  предводени од професорката Виолета Ангелоска, второто место.

Претходно, овие две училишта ги освоија првите места на Регионалниот натпревар за оркестри, одржан минатиот месец во гимназијата „Св. Климент Охридски“.

OhridNews