Денес во просториите на КИЦ „Култура 365“, со уметничкото творештво се дружеа учениците од повеќе одделенија од охридските основни училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“.
Преку работилницата која беше организирана со поддршка од Амбасадата на Шведска и во соработка со делегацијата на ЕУ во земјава, охридските ученици го одбележаа Денот на Европа. Со забавно-образовни содржини се запознаа со дел од шведската култура, односно со литературата за деца каде неизбежна беше средбата со светски познатиот литературен лик „Пипи Долгиот Чорап.“
Врз основа на приказните од шведски автори, талентираните деца цртаа, а дел од групите ги развиваа своите психички и моторички вештини со сложувалки и други игри. Исто така, учениците добија пригодни подароци од претставниците на шведската амбасада.
Инаку, со работилницата се запознаа и амбасадорите на Шведска и Холандија, кои престојуваа во кратка посета на КИЦ „Култура 365“.
OhridNews
Фото: Мишо Јузмески