По повод Денот на планетата Земја, охридските основни училишта организираа голем број акции со цел подигнување на еколошката свест кај младите.
ОУ „Св. Климент Охридски“ реализира еколошка акција насловена како „Ден без автомобили – ден на велосипеди“.
На акцијата учествуваат голем број ученици, наставници и родители, кои од градскиот плоштад се упатија до потегот кај „Горица 1“.
Учениците од ОУ ,,Ванчо Николески’’ од с. Лескоец преку работилниците „Вредни мајстори“, „Модни креатори“ и „Млади драматурзи“ ја прмовираа порака ,,Чувајте ја нашата планета, бидејќи немаме резервна’’.
Тие изработија прекрасни лимени предмети, додека „модните креаторки“ во рок од еден час создадоа прекрасни најлонски фустани, украси за коса како и ташнички.
Денот на планетата Земја беше одбележан во централното и подрачното училиште “Кочо Рацин” во Охрид, односно во с. Лакочереј.
Учениците преку изработка на маски од хартија која може да се рециклира, натпревар со велосипеди и собирање на отпадоци, ја пренесоа еко-пораката.
Инаку, основношколците од трите охридски училишта апелираа до сите, да се приклучат во борбата за спас на планетата Земја.
OhridNews