Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на изминатите неколку дена спроведоа активности за заштита на стеблата на палмите кои се засадени низ Охрид.

-Активностите беа спроведени по препораките од Ј.П.„Македонски шуми“ и вклучуваа обвиткување на стеблата на палмите со јутени вреќи, со цел овие тропски егзотични видови да се заштитат од ниските зимски температури, информираат од претпријатието.

Четириметарските палми во Охрид беа засадени во текот на месец мај 2015 година.

OhridNews