Денеска во Универзалната сала во Скопје се одржа 12-тата по ред Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игра 2014, на која што настапи и Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

На сцената, тие се претставија со песната „Три години Кате болен лежев“,  односно со охридското женско оро „Деветорка“.

На крајот на настанот, претставниците од 37 пензионерски здруженија од земјава добија благодарници за континуирано афирмирање на македонската традиција и староградски фолклор.

Инаку, на манифестацијата се обрати министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, како и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија, Драги Аргировски.

OhridNews