Пензионерите спортисти од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца , трета година по ред, од одржаната Републичка пензионерска спортска олимпијада, се враќаат со бројни освоени медалји.

Тие и годинава, на Олимпијадата во Штип, станаа севкупен победник со 216 бодови, а по освојувањето на првото место три години по ред, во трајна сопственост им припадна  Пехарот и преодниот пехар.

Охридските пензионери освоија 10 медалји од кои 4 златни, пет сребрени, и една бронзена медалја.И оваа година натпреварите се играа во традиционалните 11 спортски дисциплини.

18-та по ред Републичка пензионерска спортска олимпијада, за отворена ја прогласи министерот за труд и социјалн аполитика, Диме Спасов,а на неа учествуваа 396 пензионери спортисти од 38 здруженија од Републикава.

– Успехот по малку беше и очекуван, бидејќи серозно се подготвуваме,дадовме се од себе колку што можевме,вели претседателот на Извршниот одбор на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески.Тој додава дека победата е  и во чест на одбележувањето на Денот на самостојна и независна Македонија.

Првите републички спортски  натпревари  се одржаа во Охрид , како што потенцира Трпчески, по иницијатива и во организација на охридското здружение на пензионери.