Со пораки за оставка на старото раководство на Здружение на пензионери на Р. Македонија, итно да се донесе нов Закон за пензии, линерано зголемување на пензиите, пензионерите од Охрид денеска повторно се собраа на протест пред Здружението на пензионерите. Велат бараат зголемување на пензиите кое ќе значи достоинственен живот, особено за тие со ниски примања.

Бараме итна измена на Законот и линеарлно зголемување на пензиите, бидејќи се ова што го нудат тие процентуално е катастрофа за 80 илјади пензионери, тотална катастрофа и со средните пензии исто така. Процентуалното зголемување води кон класни разлики, затоа бараме линеарно зголемување на пензиите. Ако продолжат вака ќе имаат 200 илјади пензионери на протест во Скопје, изјави Кирил Јосифоски, пензионер од Охрид.

Барањата на пензионерите се оправдани и тие бараат зголемување на пензиите достојни за еден живот, вели Благоја Крстаноски, пензионер од пензионерското движење „Тука сме“.

Со 200 евра не се живее. Без разлика што имам повисока пензија, дојдов да им дадам поддршка да ги промениме и состојбите во овие здруженијата, кои се газди со нашите пари. Просечна плата е 36 илјади, а просечна пензија 19 илјади. Минималната плата е 19 илјади, минималната пензија е 11 илјади, гледате каква разлика. Тоа е недозволиво и мора да се промени. Мора да се задоволат барањата на пензионерите, додава Крстаноски.

Потенцираат дека протестите продолжуваат секој понеделник од 10 часот пред седиштето на Здружението на пензионери во Охрид.

Со барање за оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија  и истите барања како и на охридските пензионери почна и денешниот протест на пензионерите од сите градови во Скопје. Според најавите, пензионерите ќе протестираат и пред Министерството за труд и социјална политика каде ќе побараат средба со министерката Јованка Тренчевска. Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите.

Инаку, минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.

 

Н.С.Ј.

фото. Б. Стојаноски