Денеска во големата општинска сала, Собранието на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца ја одржа петата седница. На настанот покрај членовите на Здружението, присуствуваа и претседателот на СЗПМ од Скопје Драги Аргироски, членови на И.О. и Н.О. на СПК, претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески и поканети гости од СЗПМ.
На седницата беа усвоени извештаите за работа на здружението за 2012 година, односно беше донесена програма за активностите планирани за оваа 2013-та.
„На денешната прва седница за оваа година, ги усвоивме извештаите за работа на Здружението и клубот на пензионери за минатата година. Завршната сметка е позитивна, а се разговараше и за други одлуки кои ова собрание треба да ги донесе.“ – изјави професор Маринела Јовановиќ, претседател на Собрание на Задружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца.
Јовановиќ напомена дека за 2013-та година, предвидени се низа активности кои треба да ја потврдат активноста на пензионерите од овие општини.
„Во 2012-та бевме доста активни на културно и спортско поле. На спортски план, како и минатата година го освоивме пехарот, а се надеваме дека и оваа ќе бидеме прваци, со што ќе можеме да го задржеме пехарот во трајно власништво.“ – истакна Јовановиќ.
Исто така, како дел од активностите кои беа посочени на денешното собрание, е и издавањето на книга која ќе го опфати културниот и спортски живот на пензионерите од градот.
Инаку, на дневениот ред беше донесен и финансов план на приходи и расходи за 2013-та година, за Здружението и Клубот на пензионерите.
OhridNews