Во Радовиш се одржаа 24-те Републички спортски натпревари на пензионерите на Македонија на кои учествуваа 600 пензионери спортисти кои се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.

Со најголем број на спортисти на натпреварите учествуваше Здружението на пензионерите на  Охрид и Дебрца, кои го освоија второто место, додека прво освои екипата од Тетово, а трето место пензионерите од Прилеп.

Од охридската екипа, најдобар успех екипно постигна машката екипа во стрелаштво со воздушна пушка освојувајќи го првото место, а во поединечна конкуренција стрелецот Благоја Георгиески со освоени 90 круга, за што доби и пехар во трајна сопственост.

OhridNews