Пионерите на Охрид попладнево (17 часот) на СРЦ “Билјанини Извори“ ќе играат против екипата на Победа во четвртфиналето од разигрувањето за титулата во првенството.


Охриѓани во двомечот во националниот куп беа елиминирани токму од Победа, па ова ќе биде убава можност да им се реваншираат на своите врсници.

Во разигрувањето за титулата се игра само еден натпревар, денешниот победник ќе обезбеди пласман меѓу најдобрите четири во оваа конкуренција.

М.П.