Плажите долж охридската ривиера се повеќе наликуваат на депонии вон туристичката сезона. Најразличен отпад, меѓу кој и неразградлива пластика веќе со месеци е распостранат крај брегот на езерото.

По силниот јужен ветар кој пред неколку денови ги разбранува водите на Охридското Езеро, сликата стана уште пострашна. На површината излезе целиот „срам“, односно отпадот кој со години завршува во водите на езерото.

Дали оваа грда слика ќе ја поттикне еколошката свест, тешко е да се каже. Но, секако треба да ги поттикне  надлежните институции да  преземат конкретни мерки за заштита на Охридското Езеро.

О.Т.