Крводарителската акција се одвиваше во службените простории на СВР Охрид, а во неа учествуваа повеќе полициски и други службеници вработени во секторот.
– На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност што живот значи, како и форма за поголемо приближување на полициската организација кон граѓаните, истакнуваат од СВР.
Инаку, во минатомесечната крводарителска акција, организирана во охридската полиција, беа собрани околу 30-тина крвни единици.