Со музика, песна и оро, осмооделенците од Охрид го прославија крајот на учебната година. Исклучително весело беше во О.У. „Григор Прличев“, каде полуматурантите славеа во училишниот двор.
Учениците од „Григор Прличев“ утре заминуваат на екскурзија низ Македонија, а прославата за нивната полуматурска вечер ќе биде во Битола.
Инаку, официјално школската година завршува во понеделник, за кога се закажани последните екстерни тестирања.