Охридските пратеници од власта и опозицјата бараат да се помести долната граница од Националниот парк Галичица заради реализација на одредени инфраструктурни проекти и планови во населените места на крајбрежјето кои влегуваат во строго заштитената зона на паркот.

На вчерашната седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов посочи дека границата на националниот парк на места поминува низ села , поради што подобро е строго заштитениот дел да се шири нагоре, а не кон езерскиот брег.

Пратеникот на СДСМ, Томе Чингоски, пак, побара побара покрај јавните установи,  со националниот парк да располагаат и општините на чија територија тој се протега.

На вчерашната седница, Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија оцени дека Предлог-законот за прогласување на дел од планината Галичица за национален парк во прва фаза е прифатлив и може да оди на натамошна процедура.

Законот ќе овозможи донесување план за управување и просторен план за Национаолниот парк Галичица.

OhridNews