Претставникот на Општина Охрид, Илкер Мустафа од Секторот за ТЛЕР, имал и подолго интервју за специјализираниот туристички магазин ХОЛИДЕЈ ( кој се печати и на англиски, руски и германски јазик),сопственост на една од најголемите турски продукциски компании – АШКИН КОЧ, во чија сопственост е и ТВ куќата ХОЛИДЕЈ ИН. Се очекува во најскоро време претставници на Ашкин Коч да го посетат Охрид и да направат репортажа за нашите туристички потенцијали и компаративни предности.
Со над 200 илјади посетители од 70 земји од светот и над 4500 излагачи, Истанбулскиот саем претставува една од најголемите манифестации од ваков вид во светот.