По двонеделни тренинзи ракометарите на Охрид 2011 одиграа контролна средба во Битола против истоимената екипа. Охриѓани во меч, кој резултатот беше во втор план претрпеа пораз од 34-26.

Тренерот на охридските ракометари, Горан Андоновски на првата контролна средба во новата година прилика им даде на сите играчи. Од клубот најавуваат дека пред почетокот од пролетниот дел во шампионатот ќе одиграат уште неколку пријателски натпревари со квалитетни противници.

Ова беше прв натпревар за РК Охрид 2011 оваа година и од
пријателски карактер, па резултатот не претставуваше императив за екипите. РК
Битола се за нијанса подобри од нас. Ваквите натпревари се
многу добри за нашиот клуб. Играчите се уште не се во најдобра форма,
затоа што ова е сеуште пред-сезона, а нас целта ни е да го покажеме
најдброто во екот на сезоната. Битолчани ги очекуваме во текот на
наредната недела да ни гостуваат во Охрид и да изиграме уште еден
пријателски натпревар“
– истакнаа од РК Охрид 2011.

Мх.П.