Охридскиот ракометен клуб в недела во Струмица против второпласираниот Зомимак ќе го одигра седмиот првенствен меч сезонава. Охриѓани ќе допатуваат уште во сабота во Струмица со цел да бидат посвежи и одморени за неделниот натпревар.


Атмосферата во клубот е одлична и играчите се подготвени да дадат се од себе за првата победа во гости – велат ракометарите.

Охриѓани како адут го имаат тренерот Горан Андоновски кој неколку сезони играше во Струмица и добро го познава нивниот ракомет.

Ohridnews