По поразот од Радовиш на стартот од шампионатот, во втората рунда од првата машка ракометна лига охриѓани на домашен терен го пречекуваат Ѓорче Петров.

Од клубот најавуваат дека домашниот терен ќе биде неосвоива тврдина за сите екипи кои ќе доѓаат во Охрид. Минатата сезона “гладијаторите“ претрпеа еден пораз пред своите гледачи.

Тимот на Ѓорче Петров во првата рунда претрпе пораз откако екипата на Струга ги однесе бодовите од Скопје.

Мечот помеѓу Охрид 2011 и Ѓорче Петров е закажан во 17:00 часот.

Мх.П.