Охридските ракометари се во мртва трка за втората позиција со единствениот ривал битолски Пелистер Јуниор. По 11 одиграни рунди на врвот на табелата неприкосновен е штипски Текстилец, додека со биланс седум победи и три порази се Охрид и Пелистер.

Во претпоследната рунда охриѓани гостуваат кај последно пласираниот Јаков, додека Пелистер Ј на домашен терен ја пречекува екипата на Лазарови, а во последното коло му гостуваат на Текстилец, додека охриѓани се слободни.

Ohridnews