Ракометарките од охридскиот клуб „Сани 14“ завршија на четвртото место на завршниот турнир во пионерска конкуренција, кој се одржа викендов во Делчево.
Охриѓанки во 1/2 финалето и мечот за третото место претрпеа минимални порази, но искуството кое го акумулираа на завршниот турнир и во текот на целата сезона е големо и сигурно ќе послужи во иднина.
- Огромен успех за нас беше самиот пласман на Ф4, кој го остваривме во првата натпреварувачка сезона. Имавме големи шанси за освојување на третото место, но среќата ни го сврте грбот во клучните моменти од натпреварот. – изјави Александра Џамтоска.
Во најдобриот тим од завршниот турнир се најде десното крило Анастасија Пупунцоска која беше една од најдобрите ракометарки во охридскиот состав.
OhridNews