Околу 150 „Рибари“ денеска организирано отпатуваа во Струга на езерското ракометно дерби. Меѓу нив имаше и дел од старата постава навивачи кои во деведесеттите години и во првата деценија од новиот милениум оставија белег во охридското и македонското навивање. „Целта е една, да им помогнеме на ракометарите на Охрид и да ги поддржиме помладите навивачи, кои верно ги следат локалните клубови“, истакнаа „старите“ Рибари. Како загревање на просторот на некогашниот полигон за мали спортови се пееја навивачки песни и се вееја транспарентите и знамињата за поддршка.


Охридските „Рибари“ како во старите добри времиња

OhridNews