Спортско риболовниот  клуб Свети Апостол Петар од Охрид како членка на Македонската риболовна федерација (МРФ) најостро го осудува дискриминирачкото  писмо од Светската риболовна федерација за слатки фоди (ЦИПС) упатено до Македонската риболовна федерација,  со кое се бара и сугерира МРФ да прифати и да го смени името од Македонска риболовна федерација во Риболовна федерација на ФИРОМ по барање и реакција  на „Грчката риболовна федерација“.


Ова е дискриминирачко дури и расистичко барање на Светската риболовна федерација . Уште од 1992 година МРФ е  примена и се натпреварува под уставното име на сите светски натпревари во организација на ЦИПС . Пред две години за првпат се појавува грчка репрезентација во натпреварите за риболов и бара да го смениме името затоа што Македонија во Светскиот олимписки комитет е примена како БЈРМ и сугерира ЦИПС да ни го смени името. Сакаме да нагласиме  дека натпреварите  во спортски риболов во било која дисциплина и конкуренција не се составен дел на олимпијадите.- велат од охридскиот клуб

Протесното писмо како реакција на ова дискриминирачко писмо на светската организација е проследено   до сите членови на управниот одбор на (ЦИПС) и до сите Светски Федрации за риболов,  односно до нивните претседатели и генерални секреатари  од сите пет континенти .

    Со ова писмо бараме Македонската риболовна федерација  чија членка е и нашиопт клуб да има еднаков третман како другите федерации и да престане тој дискриминирачки однос – истакна Радован Димитриевски

Писмото е упатено до над 5000 спортски риболовци од светот од кои се бараме подршка. СРК Св.Апостол Петар сака да нагласи, ако дојде до било какви промени во името ќе го откажеме  своето членство во Македонската риболовна репрезентација и нема да дозволиме учество на наши натпреварувачи на натпревари кои ги организира ЦИПС. Охриѓани бараат од Македонските институции да поднесат предлог резолуција до советот  на Обединети Нации во која ќе се бара Македонија да биде примена под уставното име за да престанат сите овие голготи на спортистите од Македонија.  

Ohridnews