Спортскиот риболов во Охрид и Македонија според нивото на организација , квалитетни натпреварувачи, патеки за натпревар е заостанува далеку од други земји во светот, сметаат од риболовниот клуб Св.Апостол Петар.

Поради слаба организација не се одржаа државни натпревари во неколку конкуренции и дисциплини. Од финасиски причини во прв план СРК “Свети Апостол Петар“ не учествуваше на ниту еден државен натпревар. Од 2010 ние започнавме да воведуваме реформа во спортскиот риболов.  Изготвени се нови правилници како се формира екипа која ќе ги брани боите на клубот и боите на градот Охрид.

По што најмногу ќе ја паметите, која според вас беше најпозитивната и најнегатвината работа ?

Во Охрид се организирааа повеќе натпревари во разни спортови од светски рамки што е за поздравување, се направија неколку инфраструктурни захвати кои се за поздравување, но за жал медиумската покриеност и најавата беше на незавидно нив со што се испушти можноста за поголема промоција на Охрид И Македонија – вели Радован Димитирески.

Кој спортски настан и личност според вас ја одбележа годината што изминува?

–    Како спортски настан во спортски риболов кој ја одбележа годината е дванесто светско првенство во Англија , каде зедоа учество и тројца репрезентативци од нашиот клуб СРК Св.Апостол Петар Охрид. Како личност што ја одбележа оваа година е претседателот на Светската риболовна федерација Марчел Ордан и тоа во негативна смисла . Преседателот си зеде право да побара од Македонската риболовна федерација да го смени името во риболовна федерација на ФИРОМ штоmе дискриминаторски и расистички однос кон нашата федерација. Македонската риболовна федерација е примена во ова светска организација во 1993 година под уставно име и уставно знаме и до сега се натпреварувавме под тие национални симболи. Репрезентацијата на Грција се појавува на оваа натпреварувачка  сцена минатата година, и бара да го смениме името што е еден невиден дискриминирачки однос. Упативме протесно писмо и ако треба нема да се натпреваруваме повеќе ,но нема да го смениме името.

Како ги оценувате состојбите во спортот кај нас, Охрид, Македонија?

– За да излеземе од овие катастрофални состојби треба сите спортови да направиме по некоја реформа на повеќе основи. Од почетокот на 2011 година ние  истапуваме со поамбициозна програма за натпревари во домашни и светски рамки , но само да не не стопираат риболовните основи кои ги изработува научната установа Хидробиолошки Институт. Кои предвидуваат дека спортски натпревар може да се организира само на кејот на Охридско езеро. За многу дисциплини оваа патека не одговара и незнам што ги смета кога сета уловена риба на натпреварот се враќа во вода.

  

– Дали мисилите дека го следиме чекорот со светски те збиднувања?

Во никој случај не го следиме чекорот во светскиот збиднувања од оваа област. Во сите држави  се организираат силни лига натпревари во сите категории, од каде може да се извадат врвни натпреварувачи само кај нас не е така. Еве во крапскиот риболов (лов на крап со јадица на дно) на светско првенство одат тие кои имаат пари да ги покријат трошковите а не оние кои се пласирани на прво второ или трето место. Никаде во светот репрезентација не избира спортски риболовен клуб како што сме и ние , тоа го прави федерацијата која е единствена регистрирана во светските организации. Немаме правилник за избор на репрезентација и затоа имаме постигнати резултати од кои треба да се срамиме.

Што очекувате од наредната 2011 година?

–    Во 2011 година прво треба да се направи и национална и локална СТРАТЕГИЈА за наредните 5 или 10 години како ќе се движи спортот на државно и локално ниво. Во таа стратегија сите спортови ќе си ги знаеме и правата и обврските.Стратегијата ќе се изработи врз основа на петогодишните програми на сите клубови од Охрид. Во таа рамка ќе се направи регистар на спортски клубови што за срамота во Охрид го нема . Ќе се реформира сојузот на спортови кој е само координативно тело на сите спортови во Охрид. Сите спортови во таа стратегија имаат обврска да го промовираат нивниот спортот во светски рамки и да организираат спортски натпревари во Охрид како допринос за развој на спортскиот туризам. Sпоред плановите на спортските клубови ќе се видат и приоритетните спортски објекти кои треба да се изградат. Така организирани и со добра стратегија ќе обезбедиме финансиски средства по разни основи. Ние рибарите започнуваме со организација на натпревари во спортски риболов уште од јануари за да допринесеме за  афирмација на нашиот град и да ги промовираме водените потенцијали на Охрид  кои по некои специфичности се единствени во светот.

Бистро!

М.П.