Риболовците од охридскиот клуб „Св. Апостол Петае“ го освоија првото место на турнирот Скопје урбан фишинг и Државниот куп „Рибарче“, кои во организација на Македонската риболовна федереција се одржаа во Скопје.

Охридската екипа во состав Анастасиј Фанкоски, Стефан Булески и Иван Настоски се покажа во најдобро светло и заслужено се искачија на највисокот место на пиедесталот.

Од охридскиот клуб упатуваат честитки за организацијата и вредните награди, кои ги добија победниците и сите учесници.

Успехот во Скопје, охридските риболовци го најавија со второто место екипно и трето поединечно на Државниот куп во Дојран.

OhridNews