По повод Светскиот ден на Ромите 8-ми април,  делегација на Демократските сили на Ромите од Охрид и НВО „Светлина“ остварија средба со градоначалникот Никола Бакрачески.

Покрај тоа што новиот градоначалник бил запознаен со работата на невладината организација и партијата, биле разгледувани и понатамошните активности кои треба да ги преземе локалната самоуправа за поддршка на нивните активности во декадата на Ромите.

Инаку, Бакрачески дал уверување дека натамошните активности ќе донесат нови можности за вклучување на ромската заедница во развојот на Охрид.

OhridNews